Во галерискиот простор на Пионерскиот дом во Гевгелија вечер во 20 часот ликовниот уметник Перо Кованцалиев преку изложбата ,,Ирационални движења” ќе го претстави своето ново истражување во скулптурата, односно кинетичката уметност.
Творештвото на гевгелискиот скулптор Перо Кованцалиев е разнообразно така што неговиот интерес за визуелните уметности од сите области е лесно видлив во неговите дела.
-Собраните дела под насловот ,,Ирационални движења”, претставуваат мобилни стимулатори кои ја брануваат површината со бавни повторувачки движења во обид да симулираат одредени природни бранувања и иронично опевање на технократскиот симбол во конзумирачкото општество, велат организаторите од Пионерскиот дом во Гевгелија и додаваат дека Кованцалиев мудро претставува свет исполнет со безброј прашања кои загатливо допираат до несвесното кај реципиентот.
Изложбата е дел од годишната програма на Пионерскиот дом од Гевгелија и е подржана од Министерството за култура.