Климатската активистка, тинејџерката Грета Тунберг се врати онаму каде почна нејзината кампања – пред шведскиот Парламент.
По повеќемесечно патување со воз, брод и електричен автомбил на различни климатски настани во Европа и САД, 16-годишната Швеѓанка продолжи во Стокхолм да ја зголемува свеста за потребата од борба против климатските промени, како пред една година кога го започна климатскиот протест и стана инспирација за милениумците ширум светот.
Тунберг, која минатата недела престижниот „Тајм” ја прогласи за Личност на годината, денеска на социјалните мрежи објави фотографија, покрај која напиша: „Училишен штрајк 70. седмица Стокхолм!”.
Таа изјави дека се надева оти ќе охрабри уште климатски активисти, покрај оние кои веќе ги инспирирала.