Денеска во просториите на Влада на Република Северна Македонија се одбележа Денот на наставата на турски јазик, 21-ви декември.   

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан покани просветни работници од неколку основни училишта каде што наставата се изведува на турски наставен јазик од Скопје, Гостивар, Струмица, Охрид и Радовиш. Помеѓу присутните имаше просветни лица кои својот живот си го поминале образувајќи ги децата на турски јазик, а сега се веќе во пензија,  на нив им беше доделена благодарница за придонесот за наставата на турски јазик, негување на јазикот и културата.

 

Се одржа  дискусија за почетоците на изведувањето настава на турски јазик, како и за проблемите со кои се соочувале во минатото, а се присутни и денес. Како припадници на помала етничка заедница, турците во Северна Македонија се соочуваат со многу недостатоци во образованието,а како главен проблем беше истакнат недостатокот на учебници на турски јазик. Министерот Елвин Хасан посочи дека верува дека оваа Влада има капацитети да ги решава тие проблеми во иднина и се залага за интересите на сите етнички заедници,  а тоа е целта на стратегијата на Владата, Едно општество за Сите и интеркултурализам.

 

 

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави