Општинската организација на Црвен крст – Кисела Вода во соработка со Општина Кисела Вода спроведе крводарителска акција.
Денеска голем број граѓани и вработени во Општината ја покажаа својата хуманост дарувајќи крв. Со акцијата која се одвиваше во салата на Советот на Општина Кисела Вода собрани се вкупно 21 единица крв.