Емери го поддржа назначувањето на Артета за негов наследник во Арсенал

– Унаи Емери изјави дека фудбалскиот клуб Арсенал, направил добар избор со назначувањето на Микел Артета за негов наследник на клупата како нов тренер на „топчиите”.

Емери кој пред неполн месец доби отказ, смета дека неговиот сонародник кој досега работеше како помошник тренер во Манчестер сити, е подготвен за предизвикот.

– Артета е подготвен за овој чекор во кариерата. Тој беше и во Арсенал, ја познава Премиерлигата, работеше со Гвардиола. Мислам дека е добра одлука, и би сакал да биде добра одлука, изјави Емери, кој откако си замина, привремено екипата ја водеше Фреди Љунгберг, а сега Артета доби договор за регуларен главен тренер. 

Треба да знаете
Последни објави