Истрага на судот во Хаг за злосторства во палестинските територии

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен трибунал Фату Бенсуда објави денеска дека ќе покрене истрага за наводни воени злосторства на палестинските територии, што може да вклучува обвиненија против Израелци или Палестинци.

Таа рече дека „воени злосторства се извршени или се вршат  на Западниот Брег, вклучително и во Источен Ерусалим и Појасот Газа”.

Бенсуда додаде дека бидејќи била побарана истрагата од палестинските територии, таа не мора да бара одобрение од судиите за да започнат со истражни активности.

Треба да знаете
Последни објави