Сопственикот на кошаркарскиот НБА-лигаш Далас Маверикс, Марк Кјубан не крие дека новата ѕвезда во неговиот тим, младиот 20- годишен интернационалец Лука Дончиќ го тера да научи да зборува словенечки. Тој изјави дека поради маестралниот Лука почнал да зема часови по словенечки и дека изучувањето на овој јазик за кумуникација му одело многу потешко одколку очекувал.
-Ѓаволски е тешко, изјавил Кјубан.
Дончиќ кој ја игра својата втора сезона во најсилната кошаркарска лига моментално не настапува за тимот на Далас, бидејќи се рахабилитира од повредата на десната нога која ја заработи на мечот против Мајами. Неговото враќање на паркетот се очекува да биде за десет дена.