Тимот на Милвоки Бакс го совлада ЛА Лејкерс со 111:104 на домашен терен во дербито на лидерите двете конференции во кошаркарската НБА лига од почетокот на регуларната сезона.
Во Милвоки, Висконсин, лидерите на Источна и Западна конференција се соочија едни против други, како и некои од најдобрите играчи во Лигата – Јанис Адетокумбо за домаќините и Леброн Џејмс и Ентони Дејвис за „езерџиите”. Двете екипи, исто така, имаа ист скор пред натпреварот – 24 победи и 4 порази.
Сепак, натпреварот не беше толку изедначен, при што Бакс наметнаа доминација од стартот и поведоа со шест поени по првата четвртина и нивното водство на паузата беше цели 19 поени. Домаќините го намалија темпото во наредните два дела, дозволувајќи им на Лејкерс да ја намалат разликата, но Бакс не дозволија на нивниот противник да се доближи на помалку од седум поени, што беше разликата по сирената.
Адетокумбо уште еднаш беше на висина на задачата за Милвоки со 34 поени, 11 скокови и 7 асистенции. За Лејкерс, Дејвис запиша 36 поени, 10 скокови и 5 асистенции, а Леброн забележа „трипл-дабл” – 21 поен, 12 скокови и 11 асистенции. Проблем за гостите беше слабата ефикасност на клупата, која придонесе со само четири поени.
Во друг натпревар во две од водечките екипи на Западната конференција, Хјустон Рокетс надополни негатива од 17 поени за да го совлада Л.А. Клиперс со 122: 117 како гостин. Џејмс Харден и Расел Вестбрук придонесоа со 68 поени, 11 скокови и 15 асистенции за 19-тиот успех на „ракетите” во сезоната.
Други резултати:
Атланта – Јута 106: 111
Сан Антонио – Бруклин 118: 105.