Денес во Атина се одржа вториот пленарен состанок на Меѓународната група на експерти, под раководство на шефот на делегацијата на Република Северна Македонија, проф. Ѓорѓи Филипов и на шефот на делегацијата на Хеленската Република, проф. Фотини Пазарѕис, основана согласно член 1, став 3ж од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената Спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, направена во Преспа на 17 јуни 2018 година.
Двете делегации разменија мислења и ги охрабрија деловните заедници на двете земји да го интензивираат својот дијалог во духот на Преспанскиот договор.
Копретседавачите на двете земји се согласија следната средба да се одржи во Скопје, на пролет 2020 год., на датум што дополнително ќе се утврди.