– Втор припадник на руската Федерална служба за безбедност почина денеска во болница од здобиените рани во вчерашната престрелка пред зградата на Службата во центарот на Москва. Тоа го објави портпаролка на рускиот Истражен комитет.
Светлана Петренко го потврди идентитетот на напаѓачот – Евгениј Манјуров (39) жител на градот Подолск крај Москва.
– Истрагата анализира податоци за напаѓачот и причините за криминалното дело, додаде таа. Петренко не спомена ништои за состојбата на останатите четворица ранети во нападот.