Пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ, Невенка Стаменковска и Жаклина Пешевска и Александар Трајковски, обвинет за предметот „Насилство во Центар“ и други граѓани од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Гази Баба утринава се обидоа да влезат на судското рочиште „ТНТ“ кое се одржува во Кривичниот суд во Скопје.
Вчера, тројца адвокати беа казнети со по 2.000 евра, бидејќи не се појавија на рочиштето, што судот го сметаше како обид за одолговлекување на постапкатаа и назначи нови по службена должност.
Во предметот „ТНТ“, меѓу обвинетите се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски.