Премиерот на Австралија се извини поради годишниот одмор за време на пожари

Австралискиот премиер Скот Морисон денеска јавно се извини што отишол на одмор на Хаваи додека се влошува ситуацијата со пожарите во земјата.

Морисон рече дека ќе го скрати одморот откако неговото отсуство оваа недела наиде на осуди и протести.

Тој денес за радиостаницата 2 GB потврди дека е на Хаваи со семејството. Тој додаде дека редовно добива информации за пожарите и последиците од минатонеделната ерупција на вулканот во Нов Зеланд во кој загинаа 11 Австралијци.

„Имајќи ги предвид последните трагични настани, ќе се вратам во Сиднеј што е можно поскоро“, рече Морисон.

Во моментов пожарникарите водат борба против повеќе од 100 пожари среде рекорден топлотен бран, пренесува „Би-би-си“.

Треба да знаете
Последни објави