Во Тирана, денеска и утре има продолжение на средбите меѓу лидерите во регионов поврзани со иницијативата „Мини Шенген“. Наместо во Драч како што беше првобитно планирано, поради катастрофалниот земјотрес кој го погоди овој приморски град, состанокот премиерите на Албанија, Еди Рама, на Македонија Зоран Заев и претседателот на Србија Александар Вучиќ ќе ја одржат во Тирана.
Во пресрет на оваа трета средба, по Нови Сад и Охрид, домаќинот Рама порача дека иницијативата за „Мини Шенген“ ја поддржал само поради доброто на Албанија и Косово, а не во корист на Србија, пренесуваат медиумите од регионот.
Коментирајќи ги изјавите на претседателот на Србија, Александар Вучиќ за масакрот во Рачак, тој истакна дека Србија живее во минатото.
-Скандалозни беа изјавите на Вучиќ за масакрот во Рачак. Но, јас јавно реков дека тоа е поради фактот дека Србија се уште не раскинала со минатото, истакнал Рама.