Триесетгодишниот Адолфо Мартинез е осуден на 15 години затвор затоа што од црква го украл знамето на ЛГБТ заедницата и го запалил. Инцидентот се случил на 11 јуни во градот Амес, во американската сојузна држава Ајова, а Мартинез призна дека го украл и го запалил знамето бидејќи мрази хомосексуалци.
Тој вечерта пред да се случи инцидентот бил исфрлен од стриптиз клуб затоа што им се заканувал на вработените, а потоа отишол во црквата, пред која било истакнато знамето на ЛГБТ.Тој го симнал и се вратил пред клубот кадешто го запалил.
Следното утро бил уапсен, а на полицијата и рекол дека е „виновен по сите точки“.
„Чест ми беше да го сторам тоа. Бог тоа го благослови“, изјавил Мартинез, додавајќи дека го запалил знамето затоа што е противник на хомосекслаците.
Окружниот јавен обвинител Џесика Рејнолдс изјави дека Мартинез е прв во таа област кој е осуден за кривично дело од омраза.
„Суровата реалност е дека има луѓе кои прават злосторства врз луѓе врз основа на нивната раса, пол или сексуална ориентација“, рече Рејнолдс. „Кога тоа се случи, додаде таа, многу е важно ние како општество да ги спречиме и овие луѓе да трпат сериозни последици за она што го направиле“.