Решавањето на прашањето на Макао и Хонг Конг, два посебни административни региони, е целосно внатрешна работа на Кина, изјави денеска кинескиот претседател Си Џинпинг, нагласувајќи дека Пекинг нема да дозволи странски сили да се мешаат во внатрешните работи.
Си, на церемонијата по повод 20-годишнината од враќањето на Макао во Кина, рече дека кинеската Влада и народот имаат силна волја да го заштитат својот национален суверенитет, безбедноста и развојните интереси.
Тој рече дека во текот на изминатите 30 години, успехот на принципот „една земја, два система” е широко признат, но дека мора постојано да се подобрува во пракса, пренесува Меѓународното кинеско радио (ЦРИ).
Кинескиот претседател изрази уверување дека Кинезите, вклучително и сонародниците од Хонг Конг и Макао, се мудри и способни за уште подобро развивање на принципот „една земја, два система”.
На церемонијата беше именувана и нова влада во Макао, при што новиот гувернер Хо Jaценг и другите членови на владата положија заклетва пред знамињата на Кина и Макао.