Со модернизација на земјоделството до подобар пласман на европските пазари

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, денеска го посети откупно – дистрибутивниот центар на Агроаломентате во Рим, Италија со цел учење и преземање на добрите пракси како и квалитетниот менаџмент кои придонесуваат оваа агрофуд платформа да биде една од најзначајните и најуспешните во Европа.

-По успешните преговори со Светска банка за проектот Модернизација на земјоделството во вредност од 46 милиони евра, во кој главна компонента се два откупни центра во Ресен и Струмица, како и агрофуд платформа во Скопје,  ние сме на чекор од нашата цел, рече министерот Димковски, соопшти МЗШВ.

Изградбата на совремнен откупно – дистрибутивен центар во Ресен е потребен за да се надмине проблемот со складирање и чување на земјоделските производи, пред се, јаболката што ќе доведе кон стандардизирано производство и комерцијализација на домашен и меѓународен пазар, додека пак, откупно – дистрибутивниот центар во Струмица ќе се фокусира на главните култури произведени во регионот, како што се домати, зелка и пипер.

Откупно – дистрибутивниот центар во Скопје, пак, се посочува,ќе придонесе кон подобрување на снабдувањето со безбедни и стандардизирани производи од свежа храна за потрошувачите во скопскиот регион

На денешна средба со менаџментот на Агроалиментаре беше заклучено дека изградбата и менаџирањето на ваков тип откупно – дистрибутивен центар во Република Северна Македонија значително ќе придонесе за модернизирање и унапредувањето на земјоделството не само во нашата држава туку и во целиот регион, се наведува во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави