Средношколците ја бојкотираа наставата со барање за чист воздух, некои се соочија со закани

Средношколците денеска ја бојкотираа наставата во повеќе училишта во Скопје, но и во други градови во знак на протест поради загадувањето на воздухот, во пресрет на денешниот протест против загадувањето.

Средношколците со заштитни маски и транспаренти излегоа во училишните дворови со порака. „Нема воздух нема мир!”.

Некои од нив слободно го изразија своето негодување против загадување, но некои се соочуваа со закани од наставниците и директорите на училиштата.

Меѓу оние кои денеска ја бојкотираа наставата беа и учениците од средното училиште „Никола Карев”, а директорката таму им се закани дека ќе сносат последници за своите постапки.

Снимката со директорката беше објавена на социјалните медуми, а на неа таа вели: „Само вие протестирате и нема настава. За последиците не ви гарантирам”.

-Имаме здраво општество. Општество на граѓани кои остро се противат на поединци кои имаат проблем со демократијата, како што е фамозната директорка која се заканувала со последици врз учениците. Нема простор за закани, осуда за овој недемократски чин, напиша националниот координатор за стратегиски комуникации Марјан Забрчанец, на својот Фејсбук профил.

„Доколку средношколците сметаат дека преку организиран протест ќе го привлечат вниманието на јавноста и институциите кон аерозагадувањето, тогаш тие треба да имаат можност без притисок, закани и опструкции да ги искористат своите права. Младински образовен форум го поддржува ученичкото организирање и се залага за исполнување на уставно загарантираните права, во овој случај на средношколците. Ние стоиме на располагање на сите млади кои ќе се најдат во ситуација каде интегритетот на нивните ученички права би бил загрозен”, велат од МОФ.

За денеска во 17 часот пред Министерството за животна средина е закажан уште еден протестен марш против загадувањето – Марш за нашите животи! СТОП за 3.500 жртви од загадениот воздух!, кој ќе се одржи во организација на Зелен фронт, Зелена Револуција.

-Во исчекувања на првиот рок за исполнување од нашите над 100 барања – 31.12.2019, #ЗеленФронт на здружени над 40 граѓански движења, иницијативи, организира втор протестен марш, во петок, 20-ти декември. Времето и маршутата остануваат исти од претходниот марш. 17:00 пред Министерството за животна средина, крајна цел: пред Влада. Остануваме на улиците за да ги потсетиме на нашите барања, затоа што ова е прашање на живот или смрт, кое не смее да чека повеќе ниту момент, е вели во објавата за протестот.

Треба да знаете
Последни објави