– Ерик Принс, контроверзен директор на американска приватна воена компанија „Блеквотер САД”, и истакнат поддржувач на претседателот Доналд Трамп, не бил официјален американски гласник кога тој, наводно, направил тајна посета на Венецуела минатиот месец, објави денеска Стејт департментот.
„Тој не пренесе никаква порака од владата на САД”, изјави американскиот специјален претставник за Венецуела Елиот Абрамс на брифинг со новинари.
„Тој не беше таму во наше име”, додаде Абрамс.