Унгарската Влада презема контрола врз клиники за вонтелесно оплодување

Унгарската Влада соопшти денеска дека презела сопственост врз шест приватни клиники за вонтелесно оплодување и зголемила нивно финансирање за да ги направат услугите подостапни за повеќе парови, во обид да го запрат падот на популацијата.

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, како приоритет постави зголемување на бројот на населението и во борба против недостигот на работна сила и почнување иницијативи за зголемување на наталитетот во земјата наместо бројот на имигранти.

Неговата Влада веќе воведе голем број мерки, како што се даночни олеснувања, субвенционирани заеми и други програми за семејства.

Во одлуката во службениот гласник Владата нагласува дека шест приватни клиники специјализирани за ин витро оплодување преминуваат под државна сопственост и државна контрола, бидејќи тоа е според нив, „национално стратешко значење”.

Владата објави и дека нема да наплаќа лекови што се користат за третмани за плодност од 1 јануари и ќе ги укине ограничувањата на бројот на вонтелесни третмани за оплодување финансирани од државата.

Треба да знаете
Последни објави