Ѕвездата на „Флешденс“ пример за природна убавина и во шестата деценија од животот

Младата танчарка, која сонува да стане балерина, но нема пари за тоа, и која на патот да си ја оствари желбата го сретнува Ник Харли (Мајкл Нури), стана миленичка на светската филмска публика.

Тоа беше култна улога за Џенифер Билс, која полни 56 години, а која беше забележана и во серијалот „Рел на Л“ играјќи ја Бет Портер.

Таа глумеше и по овие хит-улоги, но не успеа со некој нов потфат да ја засени Алекс од „Флешденс“, која стана инспирација за многумина на патот кон најголемата цел во животот.

Џенифер не се појавува толку често во јавноста, но кога ќе се појави, таа ги привлекува сите погледи на себе.

Познатата актерка изгледа одлично во шестата деценија од животот и е пример за природна убавина.

Треба да знаете
Последни објави