Јанакиевски сведочи за ТНТ, новите адвокати не добија ново пролонгирање на судењето

Судењето за ТНТ продолжи по двочасовната пуза која ја добија новите адвокати за да се запознаат со доказите против нивните клиенти обвинети за уривањето на комплексот „Космос“.

Адвокатите по службена должност реагираат што им е даден прекраток рок од два часа за увид во материјал од 20.000 страници. Според нив, професионалната етика не им дозволува да прифатат одбрана на обвинетите кога не го познаваат стоотстотно предметот.

Адвокатот Јовица Страшковски, новиот бранител на обвинетиот поранешен градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски побара дополнително време за да се подготви одбраната.

-Вие како судија две години го водите случајот и не сте успеале да го завршите, а барате од мене да го завршам увидот за два часа и да го испрашувам Миле Јанакиески и да го бранам. Станува збор за материјал од 20.000 страници, рече Страшковски.

За цело време обвинетиот Трајковски стануваше и викаше дека му е ускратено правото на одбрана.

-Една година и седум месеци со мене овде војувате, му порача Ставрев на Трајковски. Тој го смени на крајот од процесот својот адвокат кој сега тврди дека  не е спремен, додека двајца адвокати кои бранат тројца обвинети, Мерџан Даути и Дончо Наков иако ги казнија, пак не дојдоа на денешното рочиште, објави Фокус.

По бурните реакции од адвокатите кои се децидни дека ќе се направи процесна повреда во случајот судијата Огнен Ставрев му даде збор на адвокатот Еленко Миланов да го испраша неговиот клиент Миле Јанакиески.

Обвинетиот Јанакиески рече дека од 2006 до 2015 година бил министер за транспорт и врски.

-Дозволите за градба на објекти како куќи и станбени објекти каков што е и посочениот комплекс „Космос“ не ги издаваше Министерството за транспорт и врски, туку локалните самоуправи. За сите надлежности за овој објект надлежност имала општина Гази Баба- рече Јанакиески, пренесува Слободен печат.

Треба да знаете
Последни објави