Австрија: Украле камион со 160.000 колачи

– Крадци украле камион со 160.000 колачи прелиени со чоколадо, соопшти австриска компанија што ги произведува тие слатки.

Камионот, украден во текот на ноќта, бил натоварен со 33 палети од популарните колачи „шведенбомбонен”, прелиен со чоколадо и шлаг на крцкава вафла.

Компанијата соопшти дека камионот бил лоциран со ЏПС јужно од Виена и во близина на границата со Унгарија, но товарот исчезнал.

Полицијата продолжува со истрагата за пронаоѓање на сторителите.

Треба да знаете
Последни објави