Дел од ракометарите кои се најдоа на поширокиот список од македонскиот селектор Данило Брестовац за настапите на завршницата од ЕП-2020 кое започнува на 9 јанаури, денеска имаа собир. Брестовац на располагање ги има помладите репрезентативни кандидати, кои ќе го имаат последниот филтер да се наметнат и да си обезбедат место во експедицијата која ќе патува за Виена, каде Македонија ќе ги игра мечевите од групата Б заедно со домашната селекција Австрија, Чешка и Украина.
Овие подготвки ќе ги прескокната искусните Кирил Лазаров, Дејан Манасков, Борко Ристовски, Стојанче Стоилов… За составот кој е на располагање селекторот Брестовац вели дека е „Б-репрезентација“, која на 24 декември ќе замине за Србија каде ќе се играат пријателски мечеви со Кувајт, а потоа продолжува за Романија каде ќе учествува на „Трофеј Карпати“. Пред стартот на континеталниот собир Македонија во комплтен состав ќе се тестира со Словенија и ќе продолжи за Виена каде на 10 јануари го игра првиот меч против Украина.
-Акцентот на подготовките ќе го ставиме на пријателските натпревари. Оваа недела од Б-репрезентацијата, ќе видиме кој може да се наметне и да им се придружи на искусните ракпометари на завршните подготовки во Словенија. Сите имаат квалитет, но ќе мора да се докажат на дело. Можеби звучи грубо кога велам А и Б репрезентација, но мора да се категоризираат играчите ако се земе предвид минутажата која ја имаат во клубовите. Се ќе зависи од нив, кој ќе се најде на ЕП 2020. Сакам да ризикувам, да фрлам млади играчи во оган, но ќе мора да се докажат. Ќе им дадам шанса, спремен сум да преземам ризик, порача Брестовац по прозивката за старт на подготвките.