Европски ден на еврејската култура

Еврејската заедница во Република Северна Македонија на 20 декември 2019 год. во 19 часот во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија ќе го одбележи Европскиот ден на еврејската култура. Оваа манифестација се одржува во 34 европски земји, а нашата заедница ја одбележува по 14. пат. Секоја година темата е различна, а ја поставува Европската асоцијација за зачувување и унапредување на еврејската култура и наследство. Оваа година ќе ја прославиме 20. годишнината од воспоставувањето на овој значаен настан.

 

Годинава нашата заедница ќе го одбележи Европскиот ден со отворање на изложбата „СВЕДОШТВАТА ЗА БИТОЛСКИТЕ ЕВРЕИ НИЗ ФОТОГРАФСКОТО ТВОРЕШТВО НА БРАЌАТА МАНАКИ“ на авторот д-р Александар Манојловски. Промотор на изложбата ќе биде Мишо Китановски, а воведна реч ќе даде претседателот на Еврејската заедница Берта Романо-Николиќ.

Треба да знаете
Последни објави