ЕУ вложува во подобрување на квалитетот на воздухот во Косово

Европска Унија ќе вложи повеќе 80 милиони евра за подобрување на квалитетот на воздухот во Косово. Приштина се гуши од загадувањето на електраната на јаглен, греење на јаглен и дрва, како и поради старите возила.

Луиџи Бруса од Канцеларијата на ЕУ во Косово изјави дека воздухот во Приштина е сличен како во Пекинг, кој е еден од најзагадените градови во светот.

Децата денеска носеа маски во Приштина, а за да укажат на проблемот, маски беа ставени и на спомениците на Мајка Тереза и на поранешната американска државна секретарка Медлин Олбрајт.

Чадот од електраната Косово Б во Обилиќ создава вообичаен облак над Приштина.

Брисел потпиша Договор за вложување на 76 милиони евра во обнова на постројките, почнувајќи од мај следната година, со цел да се намалил прашината што ја испуштаат.
ЕУ, исто така, вложува седум милиони евра за зголемување на капацитетот на системот за греење Тремокос за 2.000 домаќинства односно за околу 10.000 луѓе, вклучително и училиштата и градинките.

Треба да знаете
Последни објави