Министерството за економија за 2,5 години за 30 пати го зголеми буџетот за мали и средни претпријатија, а за 2019 година се предвидени 53 милиони денари од кои 93% отсто се реализирани, истакна на трибината Агенда Иноватива 20-24, претседателот на комисијата за економија на СДСМ Кирил Колемишевски.
Тој додаде дека за прв пат оваа влада определи пари за женско претприемништво, бидејќи СДСМ смета дека жените се неоправдано се обесправени во бизнисот и тоа ќе го поправи.
Колемишевски најави радикални, храбри решенија, кои ќе ја раздвижат македонската економија и ќе се одлепи од растот на БДП од 3 до 4 отсто на посакуваните 7 до 8 отсто.
Економијата не може да се развива без луѓе и затоа СДСМ инвестира во човечкиот фактор, преку субвенционирање плати, поддршка на иновации субвенционирање на стар ап бизниси, нови технологии, поддршка за младите.
Фискалните и непродуктивни трошења во 11 години на претходната власт, единствено беа насочени за богатење на поединци и вештачко подигнување на БДП, рече Колемишевски, додавајќи дека сега БДП се базира на реална економска основа.
За програмата 2020-2024, 19 комисии на СДСМ интензивно работат секоја на својот дел од програмата и наскоро ќе ги прецизираат сите мерки и најквалитетни решенија, кои реално ќе се реализираат во мандатот што СДСМ сигурно ќе го добие на наредните избори, истакна Колемишевски.