На трибината АГЕНДА ИНОВАТИВА 20-24, која вечерва ја отвори Коста Петров -потпретседател на СДСМ и основач на Пи Ворлд, а се одржува во Музеј на Град Скопје, беше истакната целта за која ќе се одржуваат овие тематски трибини во следниот период, односно прибирање на идеи кои ќе бидат дел од изборната програма на СДСМ за следниот период 2020-2024.
Петров истакна дека досега зборувавме за факти како што се зголемувањето на минималната и просечната плата ,раст на пензиите, зголемените субвенции и друго, кои воедно претставуваа храбри чекори и одлуки.
Но сега е време за порадикални чекори особено во економијата да ставиме фокус на иновации и старт ап и нашата држава ја издигнеме на повисоко ниво, да стане центар на технологии во нова Европа, заклучи потпретседателот Петров.