Над 60 луѓе загинаа во борбите во Идлиб

Повеќе од 60 луѓе загинаа во синоќешните судири помеѓу режимските сили и вооружени групи во северозападниот дел на Сирија, последното големо упориште на непријателите на власта во Дамаск.

Според Сириската опсерваторија за човекови права (ОСДХ) во борбите во провинцијата Идлиб загинаа 38 џихадисти и бунтовници, како и 23 прорежимски борци.

Невладината организација со седиште во Лондон наведе дека руските воздухопловни сили, кои ја поддржуваат Владата во Дамаск, го бомбардираат регионот Идлиб, а населението масовно ги напушта домовите.

Во регионот Идлиб, каде живеат околу три милиони луѓе, од кои поголемиот број се бегалци од другите сириски региони, а лоцирани се и џихадистите од групата Хајат Тахрир ал-Хам (ХТС), поранешен сириски огранок на Ал Каеда.

Регионот Идлиб, кој се уште не е под власта на сирискиот режим, беше предмет на договор за прекин на огнот кон крајот на август, но договорот беше прекршен по повеќенеделни бомбашки напади и судири.

Во октомври сирискиот претседател Башар ал Асад првпат ја посети покраината Идлиб од 2011 година, кога почна војната. Тој тогаш истакна дека покраината е клучна за завршување на војната.

Во војната во Сирија, предизвикана од судирот помеѓу продемократските демонстранти и режимот во Дамаск, до сега загинаа над 370.000 луѓе, а милиони се внатрешно и надворешно раселени лица.

Треба да знаете
Последни објави