Sвездата на Барселона, Лионел Меси во скоро време ќе потпише нов договор со каталонскиот гигант, пренесува Мундо Депортиво. Актуелниот договор за шесткратниот добитник на „Златната топка” ќе истече во летото 2021 година.
Шефовите на колосот од „Камп Ноу” ќе му понудат на Меси нов двосезонски договор до 2023 година. Се очекува наскоро раководството и таткото и агент на фудбалерот да седнат на преговарачката маса за да ги разјаснат сите детали.
Триесет и две-годишниот волшебник не сака долг договор, бидејќи претпочита да суди на крајот на секоја сезона како се чувствува и дали неговото тело му дозволува да игра на највисоко ниво.
Меси во неколку наврати изјави дека би сакал да ја заврши кариерата во Барселона. Истата е желбата на управата на клубот и навивачите кои не можат да го замислат во дресот на друг клуб.