Претпладне ќе се задржи магла и ниска облачност по котлините и речните долини. Преку денот ќе биде променливо облачно со повремен дожд претежно во западните делови. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Дневната температура ќе биде во интервал од 8 дo 15 степени.
Во Скопје ќе биде магливо и со ниска облачност и со услови за краткотраен дожд. Околу пладне маглата краткотрајно ќе ослаби. Температурата ќе достигне 9 степени.