Средба на Папата Франциско и генералниот секретар на ОН

Поглаварот Римокатоличката црква папата Франциско и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, апелираа денеска за нуклеарно разоружување, заштита на животната средина и верска толеранција.

Папата и Гутереш разговараа околу 40 минути во библиотеката на папата.

Поглаварот на Римокатоличката црква го осуди нуклеарното оружје, повторувајќи го ставот дека поседување нуклеарно оружје е неморално, а Гутереш ги пофали напорите на папата за разоружување.

Генералниот секретар на ОН ги повика државите да се заложат за постигнување неутралност на јаглерод од 2050 година „во согласност со она што ни го кажува научната заедница дека е неопходно за да се спаси планетата”.

И двајцата зборуваа за потребата од меѓуверски дијалог и го осудија концептот на насилство во името на Бога.

Треба да знаете
Последни објави