Турските власти денеска го притворија градоначалникот на дистриктот Сур од прокурдската Народна демократска партија (ХДП) под сомнение за поврзаност со курдските екстремисти, изјави извор за безбедност.
Заедно со градоначалникот на Сур, Филис Булутекин, се приведени и двајца членови на општинскиот совет.
ХДП соопшти дека полицијата извршила претрес во куќата на Булутекин.
Агенцијата „Анадолија“ објави дека се води истрага против Булутекин под обвинение за терористичка пропаганда, пренесува „Ројтерс“.
Претседателот Реџеп Таип Ердоган и турската влада ја обвинуваат ДДП за поврзаност со Курдистанската работничка партија, која е забранета во Турција, што тие го негираат.