Холандските банки преку ноќ ги исклучуваат банкоматите во борба против нападите на криминалните банди, кои користат сè потешки експлозивни направи за упад во благајните.
Потегот да се исклучат банкоматите секоја вечер помеѓу 11 и 7 часот следува по одлуката на АБН Амро претходно овој месец да затвори и испразни 479 банкомати како одговор на големиот пораст на експлозивни напади.
„Гелдмаат“, управувач на заедничката мрежа на банкомати во холандскиот банкарски сектор, вели дека исклучувањето на банкоматите во текот на ноќта ќе стапи на сила веднаш. Компанијата ќе премести и какви било парични пунктови што претставуваат зголемен ризик за околните жители и ќе ги постави на побезбедни места, пренесува агенцијата.
„Нападите на локациите за подигање готовина го поткопуваат општеството“, објаснува Крис Бујинк, претседател на Холандското банкарско здружение, додавајќи: „Само стоиме таму и гледаме како експлозиите се случуваат во земјата на секои неколку дена, особено во близина на домовите на луѓето“.