Шилегов ја разреши директоркта на „Никола Карев“ по скандалозното видео

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил го објави налогот за разрешување на директорката на скопското средно училиште „Никола Карев“, откако на Ју тјуб беше објавено видео на кое се гледа како им се заканува на учениците и им забранува да протестираат за загадениот воздух.

Градоначалникот Шилегов донесе решение за разрешување на директорката на гимназијата Никола Карев во Скопје, а по објавената снимка каде г-ѓа Горица Илиовска на насобраните ученици во холот на гимназијата се заканува со последици врз учениците, воколку истите излезат на протест против загадувањето и глобалното затоплување.

Градот Скопје им укажува на сите раководители на своите институции дека во својата секојдневна работа треба да ги исполнуваат принципите според кои се избрани како почитувањето на правото на слободно мислење, правото на протест и демократскиот натпревар на идеи. Оваа градска администрација стои зад сечие право на протест и слободно мислење и во неа нема место за закани кон средношколците и нивното демократско право на собир и протест.

Правото на здрава животна средина е неприкосновено право, исто како и правото да се протестира за истото. Битката против климатските промени и за чистиот воздух мора да биде заедничка, на институциите, но и на граѓаните. И не само декларативна, туку и конкретна. Институциите да предначат, а граѓаните со свој пример да учествуваат во неа. Само така, таа битка може да ја добиеме. Сите заедно.

Токму заради иднината на нашите млади.

 

https://www.facebook.com/petreshilegov/posts/3097269197164324

Треба да знаете
Последни објави