ВМРО-ДПМНЕ: Заев на шверцерски начин се обидува да ги протурка измените во изборниот законик

Затоа Заев се обидува на шверцерски начин, спротивно на препораките на ОДИХР и ОБСЕ, да ги злоупотребува помалите коалициски партнери за да протурка измени во Изборниот Закон со кои што во 5 минути до 12 би го намалил изборниот пораз, реагира ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, дека опозицијата е кочничар на иднината на нашата земја.

„На ова дури и неговиот главен коалициски партнер не се согласува со измамите на Заев и предлага 6.000 амандмани за да го вразуми дека ќе мора да ја прифати волјата на граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека менувањето на изборен модел набрзина пред избори е преседан и надвор од сите правни пракси, каде за истото е потребно да се усогласиме со препораките од ОБСЕ и ОДИХР. Крајот се ближи на Заев, на 12-ти април започнува големата обнова на Република Македонија заедно со ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во реакцијата.

Треба да знаете
Последни објави