Женска кошаркарска јадранска лига утре во Кисела Вода

Утре лубителите на женската кошарка во Кисела Вода ќе имаат можност бесплатно да проследат неколку натпревари.

Во рамки на третото коло од женската кошаркарска јадранска лига (WABA) за кошаркарки до 17 години, во спортската сала „Независна Македонија” со почеток во 10:00 часот првиот натпревар ќе го играат девојките на ЖКК „Бадел 1862″ од Кисела Вода против екипата на ЖКК „Брод” од Хрватска. По овој натпревар, од 12:00 часот силите на теренот ќе ги одмерат кошаркарките на ЖКК „Струга 2009″ и хрватскиот клуб „Брод на Сави”, а од 14:00 часот ќе се натпреваруваат клубовите „Брод” и „Струга 2009″. За крај на спортската недела, од 16:00 часот ќе играат ЖКК „Бадел 1862″ и ЖКК „Брод на Сави”.

Треба да знаете
Последни објави