Иниеста со гол го однесе својот тим во финалето на јапонскиот куп

– Некогашната ѕвезда на Барселона, Андрес Иниеста со гол придонесе во победата на Висел Кобе од 3:1 во дуелот против Шимизу, во полуфиналето на фудбалскиот куп на Јапонија.

Иниеста беше стрелец на првиот гол со кој Висел поведе со 1:0. Шпанскиот ветеран беше повлечен од игра во 89-та минута.

Во составот на Висел, целиот меч го одигра Белгиецот Томас Вермален, додека Лукаш Подолски кој исто така е член на клубот, остана на клупата за резерви. Во финалниот натпревар, противник на Висел ќе биде подобриот од другото полуфинале во кое се среќаваат Кашима и В-Варен Нагасаки.

Треба да знаете
Последни објави