Германските политичари можат да завршат во затвор поради зaгадување на воздухот

Владејачките политичари во Германија наскоро би можеле да се најдат зад решетки доколку се спротивстават да ги следат судските пресуди, кои ги тераат да донесат и спроведат мерки за намалување на загаденоста на воздухот, суштински одлучи Европскиот суд на правдата, во рамки на долгогодишниот спор меѓу активистите за заштита на животната средина и баварската покраинска влада, пишува РТС.

Активистите за заштита на животната средина со години се борат во Германија за почист воздух. Нивната борба на светско ниво одекна пред две години, кога успеаа преку судски пат да ги натераат локалните власти во централните улици на Штутгарт, Дизелдорф и уште неколку големи градови, под одредени услови, да забранат користење на автомобили на дизел-гориво.

И активистите, но и претставници на баварското правосудство тврдеа дека баварската влада упорно ја игнорира пресудата на Судот во Минхен од 2014 година, со која се бара планот на мерките против загадувањето да ја вклучи и забраната за дизел-горивото. Но баварскиот врховен суд истакна дека високорангирани политички фигури јасно ставиле до знаење, јавно и пред судот, дека не планираат да ги исполнат своите обврски.

Со оглед дека паричната казна од 4.000 евра се покажала како неефикасна, баварските судии побараа од европските колеги во Европскиот суд со седиште во Луксембург, да дадат правен совет за законитоста на заканата на властите со затворска казна.
Европскиот суд на правдата оценил дека затворската казна е можна само кога нема помали рестриктивни мерки, дека мора да биде пропорционална, као и да бара национална правна основа, која е доволно прецизна и предвидлива во својата примена. Како што соопшти судот, во Германија засега не постои таков правен основ.

Иако ова е само мислење, а не правно обврзувачка одлука, тоа сепак би можело да влијае на демохристијанскиот блок на Ангела Меркел, па и на Христијанско-социјалната унија на баварскиот премиер Маркус Зедер.

Треба да знаете
Последни објави