Карло Анчелоти и официјално е нов тренер на Евертон

 Премиерлигашот Евертон и официјално објави дека нов тренер на првиот тим на овој фудбалски клуб е италијанскиот стратег Карло Анчелоти.

Анчелоти потпишал договор со важност од четири и пол години. Доскорешниот тренер на Наполи, во Евертон доаѓа на местото на Марко Силва, кој замина на 6 декември.

Анчелоти е тренер кој има три титули во Лигата на шампионите, а во англискиот клупски фудбал се враќа по повеќе од осум години, откако во 2011 си замина од Челси. На денешниот меч на Евертон со Арсенал, тој ќе биде на трибините, а од утре почнува со работа. Дебито ќе го има на 26 декември против Барнли кој се игра на „Гудисон парк”. 

Треба да знаете
Последни објави