Мета му ги кажал грижите на Сорос помладиот

– Албанскиот претседател Илир Мета синоќа се сретна со Александар Сорос, потпретседател на фондацијата „Отворено општество”, по негово барање, јави дописничката на МИА од Тирана.

На средбата присуствувал и Анди Добруша, извршен директор на канцеларијата на Фондацијата за Албанија.

Претседателскиот портпарол Теди Блуши на Фејсбук напиша дека на средбата станало збор за повеќе прашања кои предивикуваат загриженост, меѓу кои и „напорите на Владата да ги зграпчи правосудните институции”.

– Претседателот Мета го запозна со неговите загрижености, кои ги кажа и на јавноста, пред се напорите на Владата да ги зграпчи институциите на правдата, а особено Уставниот суд. Исто така, го запозна и со влошувањето на слободата на медиумите и за потребата од ревитализација на граѓанското општество во заштита на демократските вредности и човековите права, напиша Блуши.

Александар Сорос не ретко престојува во дел од земјите од Балканот, вклучително и Албанија, но најчесто се среќава со премиерот Еди Рама.

Треба да знаете
Последни објави