Рохани: Јапонија нема да биде дел од мисијата на САД во Персискиот Залив

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави денеска дека Техеран ја поздравува одлуката на Јапонија да не се придружи на мисијата предводена од САД во Персискиот Залив.

– Јапонија најави дека нема да учествува во безбедносните планови на Американците во областа … што е нешто што го поздравуваме, рече Рохани по враќањето од посетите на Малезија и Јапонија. Тој додаде дека Јапонија ќе испрати брод за надзор, но не во Персискиот Залив и Ормускиот Проток. Според најавите, планирано е јапонската операција да го покрие отвореното море во Орманскиот Залив, Арапското Море и Аденскиот Залив, но не и во Ормускиот Проток

Треба да знаете
Последни објави