Судири на полицијата и демонстрантите во трговски центри во Хонг Конг

– Полицијата во Хонг Конг денеска изврши рација во неколку трговски центри, растерувајќи и апсејќи антивладини демонстранти кои протестираат во екот на претпразничниот шопинг.

Десетици припадници на единицата за итни случаи упаднаа во трговски центар во Јуен Лонг, во близина на кинеската граница, за да ги избркаат демонстрантите. За кратко време продавниците беа затворени.

Група демонстранти се собраа и во трговскиот центар во Цим Ша Цуи, кој е омилен на побогатите купувачи во Кина.

Треба да знаете
Последни објави