Сообраќајна несреќа меѓу две возила, “ВМВ” и “Голф” со скопски регистарски ознаки, се случи на булеварот „Паризански одреди“ во скопската населба Карпош 4.
„БМВ-то” е уништено во предниот дел, а од силината на ударот се вклучиле и воздушните перничиња. Другото возило пак, од булеварот, преку патеката за велосипеди завршило во жардињерите.
Засега нема информации за повредени лица, ниту причините за сообраќајката. На увид е излезена сообраќајна полиција.