ФРОДЕМ: Зошто молчат ЕУ и Жбогар?

И по поминати четири дена од изјавата на евроамбасадоротЖбогар дека ,,ветингот е последнаопцијапокојатребалодасепосегне во моментов”, молк од него и од страна на ЕУ.ФРОДЕМ упорно во име на чесните и достоинствени граѓани на Република Македонија ќе настојува да дознае која е поената на изјавата на евроамбасадорот односно дали ова е став на ЕУ или пак се работи за личен став? Засега оттаму ни збор одговор.

Затоа повторно јавно прашуваме дали со изјавата на евроамбасадор Жбогар, ЕУ јавно призна дека потклекнала пред анархијата на левата и десна политичка елита во државава, пред политизираното и партизирано правосудство, пред корупцијата и криминалот на политичаритеи нивните инсталации во последниве петнаесет години?. Исто така сакаме јавно да ја прашаме ЕУ и да добиеме одговор дали со обидот да се заштитат нечесните, политизиранитеи криминализираните политичари, судии и обвинители можеби се крие и обид да се сокрие замешеталството на некои високи претставници на државите членки на ЕУ во матните зделки на елитите од власта и опозицијата во државава.?  Овие прашања секако дека заслужуваат брз и сериозен одговор од страна на демократските и правдољубиви сили во ЕУ.

Никако не можеме да разбереме зошто со дадената изјава евроамбасадорот Жбогар во целост свесно ја обезвреднилогикатанадобивањедатумзапреговори и гипотврдиоправданите сомнежии стравувања на Емануел Макрон и Франција. Обесхрабрувањето односно недавањето можностзарасчистувањесокриминалот на политичките елити и прочистување на судството и обвинителство (демонстриранасо изјаватанаЖбогар и молчешкум поддржана од неговитеколеги) неседолжинанеспремностанаграѓаните на Република Македонијасами дасесоочатсоова најголемо зло, туку пред се на поведението на претставниците на дел од западните дипломати кое наликува на високо доходовна воајерскамисијазанабљудувањеи премолчување на криминализираните процеси и заштита на ,,симпатичните” им леви и десни политичари, судии и обвинители.

ЕУ пред се Европската комусија мора конечно да им објаснат на граѓаните на Република Македонија дали во потенцијалната идна членка на ЕУи понатаму треба да функционираат и да се толерираат двојните стандарди и закони. Еднизаприпадницитенапретходниотрежим и сегашниве на власт, адругизакони и правда заситеостанатисмртници и тоа пред очите и поддржано од нивните високи претставници. Дали и во останатите држави членки на ЕУ се толерира свесното пречекорување и злоупотреба на судските овластувања, шурувањето на судиите со политичките партии и бизнисмените кои ги влечат конците во судскиот систем и ги диктираат пресудите?. Зошто за ЕУ камелеонството на судиите и обвинителите, непотизмот во овие институции, полуписменоста, партизираноста и политизираноста на еден дел од судиите и обвинителите, извештаите за злоупотребите на Акмис системот наеднаш станаа невидливииодносноаномали кои сеуште можеме да ги ,,голтаме”?.

Затоа за ФРОДЕМ и за голем дел од граѓаните на Република Македонија изјавата на Жбогар и молкот на ЕУ претставуваат тивок обид за амнестија на криминализираните политичари, судии и обвинители и други високи претставници.Сообидот запростувањенанивнитекриминали и злосторства не се постигнува еднаквост, одговорност и правичност како ипосветла, цивилизациска европскаиднина.

Треба да знаете
Последни објави