Девет лица загинаа кога мал приватен авион се урна во близина на Каракас, соопштија локалните власти.
Јавниот обвинител, Тарек Вилијам Саб, изјави дека според официјалните податоци, авионот King-100 BE10 полетал во четвртокот од јужната провинција Боливар, а крајна дестинација му бил аеродром близу Каракас, пренесува АП.
Во авионот покрај пилотите и копилотот имало седум патници и никој не преживеал
Засега не е познато што го предизвикало падот на авионот.