Македонската репрезентација за кошаркари до 16 години, со победа од 83:77 против Бугарија, го завршија својот настап на Балкан купот во романскиот град Таргу Џиу.
После поразите од Романија и Израел, во третиот одигран меч, „црвено-жолтите” беа подобри од своите врсници од нашиот источен сосед. С. Македонија одигра одлично прво полувреме, Бугарите доминираа во третиот квартал и направија пресврт, а во финишот повторно македонските кадети беа подобри и не ја испуштија победата.
Бошалески и Благоевски постигнаа по 21, а Башоски и Стојановски по 14 поени, со што беа четворицата најрасположени во македонската селекција. Оваа генерација налето треба на игра на Европското првенство од елитната А дивизија во Скопје.