Потрагата по осумдесетгодишниот велешанец Миле Паунов кој изгоре во куќата во комплексот Варналиите е единствената тема во разговорите на граѓаните во Велес, додека временските прилики, дождот сеуште се главната причина да се продолжи со потребните активностите во потрагата по изгореното тело.
Полициските службеници од крим-техника синоќа ја прекинаа потрагата во купишата гареж по изгореното тело на Миле. Ангажирана е и механизација за расчистување на гаражот и остатоците од куќата, но сеуште не е пронајдено изгореното тело на старецот. Првите претпоставки се дека тој користел само една соба на вториот кат од семејната градска куќа симбол на Градот со уште неколку градби. Таа повеќе ја нема и ќе може да се види во спотовите на Млчо Манчевски и на фотографиите во архивите на медиумите.