Американскиот претседател Доналд Трамп го покани британскиот премиер Борис Џoнсон да ги посети Соединетите Американски Држави во новата година, пренесува британскиот весник „Сандеј тајмс”.
Во извештајот се додава дека повикот на Трамп дошол по неодамнешната победа на Џонсон на изборите во Велика Британија.
Официјален договор за точниот датум на посетата допрва треба да биде одреден, цитира весникот извор во Даунинг стрит.
– Како потенцијален датум се споменува посетата да биде кон средината на јануари, но сè уште не е официјално договорено. Сепак, јасно е дека и двете страни сакаат да биде на почетокот на 2020 година, изјави друг извор близок до Белата куќа.