Фиго: Немав афера со Гвардиола, бевме само цимери

Во прилично бизарно интервју за ICON, легендарниот португалски фудбалер Луис Фиго го урна урбаниот мит во Шпанија, негирајќи ја наводната романтична афера со Пеп Гвардиола, додека двајцата играа за Барселона во средината на 1990-тите.

– Гвардиола беше одличен пријател кој многу ми помогна. Тој беше мојот цимер, но ништо не се случи меѓу нас. Јас ги сакам жените, рече Фиго.

Зошто  повеќе од две децении подоцна Португалецот од никого предизвикан реши воопшто да зборува на оваа тема, само тој знае. Но за пошироката јавност сето ова дојде како „гром од ведро небо“, односно Фиго на овој начин само ја оживеа оваа урбана легенда …

Луис Фиго, патем, има три деца од долгогодишниот брак со шведската манекенка Хелен Сведин, додека Пеп Гвардиола се ожени во 2014 година со девојката од средното училиште.

Треба да знаете
Последни објави