Шилегов со Пешев и Коробар традиционално собираа бадникови гранчиња

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, во придружба на  годинашниот кум на прославата за Бадник, Антони Пешев и здравичарот Климе Коробар, денеска традиционално собираа бадникови гранчиња во месноста Говрлевска Краста, на јужната старана на Водно.

Оваа манифестација се одржува по 28. пат и истата е во организација на граѓанското здружение Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје.

 

Треба да знаете
Последни објави